Египетскиот кривичен суд осуди на смртна казна 31 исламист под обвинение за учество во убиството на државниот обинител Хишам Баракат во јуни 2015 година.
На 22 јули судот ќе ја потврди казната на осудените и ќе ја донесе пресудата за останатите 36 лица, кои се осомничени за поврзаност со убиството на Баракат.
Баракат беше државен обвинител и највисок претставник на египетската Влада.
Тој е познат по тоа што, за кратко време по падот на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси во 2013 година. осуди на смртна казна стотици исламисти.