ВМРО-ДПМНЕ: СДС и коалициските партнери се незаинтересирани за проблемите на граѓаните на Струга

Од:

„Владата на СДС и нивните коалициски партнери ја покажуваат сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга. Девет дена гори депонија која го загадува воздухот, го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина и ја претвора Струга од бисер на Охридското езеро во депонија.

СДС и нивните коалициски партнери со сопствената неспособност ја загрозуваат туристичката сезона на Охридското езеро, со што директно ја загрозуваат и егзистенцијата на стотици семејства чиј извор на приходи се средствата кои доаѓаат од туризмот.

Владата на СДС знае да укинува, блокира и брка од работа, но е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во четвртокот побараа по итна постапка да се одржи седница на која што ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонијата која што со денови ги труе стружани.

Талат Џафери се обиде да ја замолчи расправата и да не дозволи процедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. СДС не смее да ги игнорира реалните проблеми. СДС ја води владата и мора да почне да работи.

Граѓаните од СДС очекуваат 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата, а лекарите плата од 100.000 денари, како што СДС им вети во изборниот период. Граѓаните ги очекуваат и 30.000 денари на крајот на годината како поврат на ДДВ и новите 500 километри автопат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Жално е што политичките приврзоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници

А1он

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ