Обединетите нации соопштија дека над сто илјади ирачки цивили се држат како живи штитови од џихадистите на Исламска држава во стариот дел на северниот град Мосул, кој ирачките сили се обидуваат да го вратат.
– Можно е во стариот град се уште да има над сто илјади цивили. Тие всушност се држени како човечки штитови, изјави претставник на Врховниот комесаријат на ОН за бегалци, Бруно Гедо на прес-конференција во Женева.