Шекеринска – Герет: Одбранбената соработка на високо ниво

Од:

Одбранбената соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство се реализира на исклучително високо ниво и двете земји ќе вложат дополнителни напори за нејзино унапредување, оценија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Чарлс Герет на денешната средба во Министерството.

Министерката Шекеринска, информираат од МО, на средбата зборуваше за плановите на новата Влада за суштински и вистински реформски зафати со цел достигнување на стратегиските цели на земјата – членството во НАТО и во Европската унија.

– Министерката Шекеринска истакна дека Македонија ќе даде придонес во создавањето амбиент за потесна соработка во регионот и останува посветена на учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот предводени од НАТО, Европската унија и Обединетите нации, соопшти МО.

На средбата, се додава во соопштението, беше потенцирана важноста на регионалната соработка како предуслов за стабилност и безбедност. Во таа насока амбасадорот Герет рече дека и покрај процесот на излегување од Европската унија, Обединетото Кралство останува активен дел од Европа и сојузник на НАТО-Алијансата за која регионот и Македонија се од голем интерес.

Амбасадорот Герет изрази недвосмислена поддршка за членството на Македонија во Алијансата и додаде дека треба да се искористи овој момент на изразен оптимизам и ентузијазам видлив во Македонија и кај партнерите.

Сеопфатната одбранбена соработка помеѓу двете земји започна во 1995 година и опфаќа разни курсеви, работилници и семинари од областа на градењето интегритет, стратегиското лидерство, менаџментот во одбраната, воената едукација на Кралскиот колеџ во Лондон и други високо-образовни институции.

Би можело да ве интересира

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски