МО: Јавноста ќе процени кој го нарушил статусот на вработените во АРМ и одбраната

Од:

Министерството за одбрана во реакција на на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека е посветено на согледување на состојбите од нетранспарентното и штетно раководење на овој ресор од претходната Влада и оти нема намера да навлегува во полемики со политичките партии.

– Јавноста ќе добие увид во финансиската состојба во Министерството и ќе процени самата кој го нарушил статусот и достоинството на вработените во АРМ и одбраната. Но, дури и ВМРО-ДПМНЕ го потврди она што Министерството за одбрана го обелодени, а тоа е дека договори во вредност од 80 милиони евра за кои јавноста го критикуваше министерот и Владата со месеци, беа раскинати на само два дена пред именувањето на новата Влада, очигледно поради страв од можни кривични последици, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горди на својата Армија

Министерството на одбрана до избор на нова влада ќе го води Тирон Јајага

Катерина Ѓуровски

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

A1on

СОБ: Пратениците да го донесат законот за вработените во Министерството за одбрана

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата