Научете ги децата на убави манири

Од:

Сигурно познавате деца, кои се паметни и слатки, но кои не се воспитани. Манирите се тоа што им недостига, а нивните родители тоа или не го забележуват или не му придаваат важност. Потрудете се од своите деца да направите културни суштества. Научете ги на неколку основни правила на бон-тон.

– Те молам, дали смеам, извини – зборови, кои би требало да се подразбираат често пати изостануваат од комуникацијата. Но кога детето ќе усвои наместо „дај ми“ да каже „те молам, дај ми …..“ или „дали смеам…“, тоа ќе стане негов избор на зборови цел живот.

– Добар ден, тука Мартин, дали Маја е дома? – звучи многу поубаво, отколку кога детето ќе побара некого на врата без поздрав или кога ќе побара другарче на фиксен телефон, не поздравувајќи ги родителите и не претставувајќи се.

– Не ја сакам таа храна, но ви благодарам што ми ја понудивте – е попристојно од „бљак, фуј, го мразам тоа“. Но од родителите зависи дали на своите деца ќе им објаснат да се воздржат од погрдни коментари за јадењето, кое некој од родинините или пријателите им го подготвил.

– Во училиште, продавница, автобус….се влегува дури откако ќе почекаме некој пред нас да излезе. Грда навика е туркање во затворен простор без почитување на останатите, но кога децата гледаат дека тоа го прават позрасните, самите ќе ја повторат истата работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска