Средба на министерот Спасовски со хрватската амбасадорка

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со хрватската амбасадорка во Македонија Даниела Баришиќ.

Амбасадорката Баришиќ, како што информираат од МВР, му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а понудила и помош за најавените реформи во Министерството.

Таа ја потенцирала важноста од добрата соработка на полициите од двете земји, што се гледа и преку присуството на полицајци од Република Хрватска на јужната граница, кои и помагаат на македонската полиција во справувањето со проблемот со мигрантите.

Министерот Спасовски се заблагодарил на честитките и досегашната соработка со Република Хрватска и изразил уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна, се вели во соопштението на МВР.

Спасовски го потенцирал ентузијазмот со кој се влегува во процесот на реформи, со цел да се добие функционален систем односно полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните, односно дека мора да му се даде приоритет на принципот на чесност, одговорност и законско работење.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР