Општина Кисела Вода започна со обнова на хоризонталната сообраќајна сигнализација низ улиците во населбата Драчево.
Како што информираат од општината, повторното обележување на пешачките премини се врши на улиците кои се во надлежност на општината.
Активностите, се вели во соопштението, имаат за цел подобрување на безбедноста во сообраќајот во општина Кисела Вода и ќе продолжат во наредниот период, во зависност од временските услови.