Прометот на индустријата во април намален за 0,5 проценти

Од:

Прометот на индустријата во април е намален за 0,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалување има кај прометот во индустријата остварен на домашниот пазар за 7,3 проценти, а зголемување за 1,4 проценти е забележано кај прометот во индустријата на странските пазари.

Во секторот Рударство и вадење камен има пораст од 24,7 проценти, додека во секторот Преработувачка индустрија има намалување од 1,2 проценти.

Според главните индустриски групи, пораст е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11 проценти, а опаѓање кај Капитални производи за 5,2 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 3,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 проценти.

Прометот во индустријата во април во однос на март годинава бележи намалување од 13,4 проценти, додека во периодот јануари – април во однос на истиот период лани има зголемување од осум проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата