Продажните цени на производителите на индустриските производи вкупно во април се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво и за 4,6 процент на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторите Рударство и вадење на камен за 0,7 процент и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1 процент, додека во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво.
Во однос на април минатата година цените се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 21,4 процент, во секторот Преработувачка индустрија за 3,4 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 процент.