Дваесетгодишната Александра Митева од Виница победи во финалето за избор на најдобар мозаик на конкурс на Ротари Клубот во Равена, Италија.
„Тарот карта според Равена“ е темата на која е изработен мозаикот на Александра, на кој конкурирале стотици уметници, а во финале учествувале само десет уметници чии идеи се избрани за изработка на мозаик во рок од два месеца.
Од страна на Ротари клубот како прво наградена таа доби 1.000 евра, а 1.000 евра доби и Академијата во Равена.
Митева е прва година на Академијата во Равена каде се запишала по завршувањето на средно уметничко училиште во Скопје, основно во Виница. Во Италија добива и стипендија за школување. Нејзините успеси се зачеток на амбициозна уметничка кариера која веќе се потврди и со учество на неколку групни изложби во Равена.