Најмалку 17 лица загинаа, а уште 26 се ранети во напад со автомобил-бомба врз хотел во сомалискиот главен град Могадишу.
Вооружени напаѓачи, кои се претставуваат како воени лица, се уште држат непознат број заложници во популарниот ресторан во хотелот „Пош.“
Двајца од напаѓачите се застрелани, а десетмина заложници се спасени. Веројатно други вооружени лица се уште се во зградата и го прекинале дотокот на електрична енергија, за да ги отежнат обидите на силите за безбедност за ставање крај на обсадата.
Меѓу загинатите има странци, меѓу кои и еден Сириец. Повеќето жртви се млади луѓе, кои влегле во ресторанот, кога автомобилот-бомба се удрил во влезот на хотелот.
Одговорноста за нападот ја презеде исламистичката групација Ал Шабаб.