Изложба на Владан Петрушевиќ – добитник на наградата „Борко Лазески“

Од:

Во Музеј на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мостра“ на младиот автор Владан Петрушевиќ (1993) по повод наградата „Борко Лазески“ која ја доби во 2016 година.

Се работи за проект кој Музејот на град Скопје го реализира во договор со семејството на Борко Лазески – уметникот кој на овој музеј му ги подари картоните употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958 година.

Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа е Владан Петрушевиќ.

– Неговата изложба настојува да ја проблематизира постоечката состојба на сликата, или сликарството, кај нас и кон таа позиција јасно да го презентира сопствениот однос. Делата од овој проект поседуваат претстави кои се создадени во меѓупросторот на бруталниот израз и перформансот. Тие се некаков остаток од перформативниот потфат врз нив, а на самата изложба овие дела ќе бидат изложени и како класични слики и како елементи на случката на изложбата во која ќе се делат некои нивни делови како своевидни мостри на можните купувачи, информира Музеј на Град Скопје.

Петрушевиќ истакнува дека како автор ги става неговите дела во позиција на декорација преку подарување на таканаречени мостри.

– Со овозможување на публиката да си земе парчиња од самите слики, односно мостри, се создава поинаква перцепција кон сликите, односно се ставаат во позиција на апсолутна декоративност. Мострата дава можност публиката да може да ја однесе дома и да види дали, евентуално, одредена слика би се вклопила во целокупниот ентериер на просторијата. Исто така, се овозможува сликата да се третира како ‘стока’, па евентуалниот купувач би имал можност да го провери квалитетот на платното, издржливоста на боите итн, вели Петрушевиќ.

Тој е роден во Куманово во 1993 година. Дипломирал во 2016 година на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ во Скопје, сликарска насока, во класата на Слободанка Стевческа. Минатата година ја доби наградата „Борко Лазески“.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска