Вардарки од првиот барабан во ждрепката за ЛШ

Од:

На ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција што е закажана за 30 јуни во Љубљана, екипата на Вардар ќе биде во првиот барабан.

Се уште нема детали за останатите групи и се чека потврда на сите екипи што в година ќе играат во ЛШ, дали директно или преку квалификации.

Досега се пристигнати 25 пријави од клубови за настап во лигата на шампионите. На таа листа се 18 прваци на своите земји и уште две екипи кои доаѓаат од земјите со највисок клупски рејтинг, Унгарија и Данска. Уште пет екипи дополнително бараа место во лигата на шампионите

Единствено од Холандија, Португалија, Словачка, Србија, Швајцарија и Украина нема пријава за место во Лигата на шампионите.

Конечната листа на учесници ќе биде позната на 24 јуни по состанокот на Извршниот Комитет на ЕХФ во Загреб.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска