Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека денеска ќе бида покренати прекршочни постапки против Чешка, Унгарија и Полска поради неисполнување на ветувањата во врска со прифаќањето бегалци.
Јункер изјави дека овие земји повеќе од една година воопшто не примале бегалци во рамки на двегодишната програма за распределба на 160 илјади бегалци.
– Тоа не ни остава друг избор освен денеска да покренеме прекршочна постапка против тие земји, рече Јункер.
ЕК одлучи вчера да покрене прекршочна постапка против Унгарија, Полска и Чешка поради неисполнување на обврските во прифаќањето на бегалците.