Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната средба со чешкиот амбасадор Мирослав Рамеш упатила благодарност за досегашната поддршка на Чешката Република, нагласувајќи дека очекува оваа поддршка да продолжи во претстојниот период за што поскора покана за членство во Алијансата.
– Ние имаме одлична билатерална соработка и подготвени сме и понатаму да ја продлабочуваме, преку размена на искуства стекнати од мисиите, размена на кадети и предавачи, реализирање на заеднички вежби, истакнала министерката Шекеринска.
Амбасадорот Рамеш, како што соопшти Министерството за одбрана, нагласил дека Чешката Република има одлична соработка на полето на одбраната со Република Македонија.
На средбата станало збор и за искористување на капацитетите на Центарот за обука на пилоти за обука на чешките пилоти.