Некогашната американска кошаркарска ѕвезда Денис Родман, се врати во Севрена Кореја, после три години од неговото последно патување во оваа самоизолирана далекуазиска држава.
Според медиумите во САД, поранешниот играч на НБА, патува од Америка, преку Пекинг за Пјонгјанг, само како приватно лице и во никаква друга мисија.
Родман на аеродромот во Пекинг, меѓутоа, навести дека оди во Северна Кореја во некаква „кошаркарска дипломатска мисија“.
– Одам за Пјонгјанг за да ја подотворам вратата, истакна Родман.
Овој американски кошаркар на два пати, во текот на 2013 и 2014 година, престојуваше „приватно“ во Северна Кореја и во главниот град Пјонгјанг и се среќаваше со лидерот Ким Џонг Ун.
Подоцна Родман, кој организираше и егзибициски кошаркарски натпревар, изјави дека Ким му е „личен пријател за цел живот“.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека знаат за посетата на Родман во Северна Кореја.
– Ние му посакуваме се најдобро, но ги предупрадуваме Американците да не се одлучуваат на вакви патувања во Пјонгјанг поради нивната лична безбедност, изјави за медиумите претставник на Стејт департментот.
Поранешната ѕвзеда на американската кошарка патува во главниот севернокорејски град во време на најголемата политичка и воена затегнатост во регионот и во односите на оваа земја со САД, по завршувањето на Корејската војна од пред 64 години.