Италијанка пријавила насилна обљуба од поранешен љубовник

Од:

Д.З. (49) од Италија со живеалиште во Скопје во полициската станица во Центар пријавила дека вчера изутрина и била извршена насилна обљуба од нејзиниот поранешен љубовник Ц.M. (58) од Франција.

Според пријавата, во моментот кога Д.З. излегувала од дома поранешниот љубовник ја спречил да излезе, по што ја турнал внатре, ја заклучил влезната врата, и ги врзал рацете и над неа извршил насилна обљуба.

По ова, информира МВР во дневниот Билтен, се договориле да оди на работа за некој да не се посомнева во нешто и да се видат вечерта на плоштад.

Д.З. не пружала отпор поради тоа што била исплашена, бидејќи и претходно била физички малтретирана од Ц.М.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он