Злоупотребени лични податоци на битолчанец иселен во Америка

Од:

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Р. (21) од Скопје, управител на ТДПТУ „Примакс“ ДОО Скопје и против тоа правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавените, врз основа на приемница за откуп на живо јагне на Примакс ДОО, издадена на име на Т.М.(51) од Битола, спротивно на одредбите од Законот за лични податоци, без согласност на Т.М., ги искористиле неговите лични податоци и пријавиле дека остварил приход од 100.000 денари од продажба на јагне кај „Примакс“. Т.М. не се занимавал со ваква дејност и е иселен во Америка.

Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Битола донела решение за службена регистрација на даночен обрзник и оданочување на остварени приходи, а приходот од земјоделска дејност го остварило друго лице со истите лични податоци – Т.М. (66) од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он