Работилница за креирање политики за борба со климатски промени во Пехчево

Од:

Невладини организации од пограничниот регион на Македонија и Бугарија изработуваат заедничка интегрирана политика за нискојаглеродна економија во прекуграничниот регион.

Со ИПА средства организациите „Амброзија“ од Пехчево и „Кластер на обновливи извори на енергија“ од Благоевград, на првата работилница во Пехчево и Делчево, работеа на воспоставување рамка за креирање политики за борба со климатските промени во сите девет општини кои се вклучени во проектот.

Јасмина Пашалиска-Андонова од „Амброзија“, потенцираше дека учесниците работеле во 4 групи: енергетика, земјоделие, шумарство и отпад и отпадни води, при што биле дефинирани главните проблеми и приоритети во рамки на секоја област и визијата за подобрување на емисиите на стакленички гасови.

– Целите на работилницата вклучуваа и презентирање на постигнатите резултати од истражувањето на емисиите на стакленички гасови во општините Пехчево, Делчево, Берово и Виница од Македонија и Благоевград, Симитли, Струмјани, Сандански и Кресна, од Бугарија. Потоа запознавање на учесниците со климатските промени, можностите за нивно ублажување, прилагодување кон нив, како и глобалните напори во борбата против климатските промени, но и воспоставување рамка за креирање на политики за борба со климатските промени во сите општини кои се вклучени во проектот и запознавање со искуствата во спроведување на проекти за ублажување на климатските промени во македонските општини, истакна Пашалиска-Андонова.

Додаде дека се реализирала и посета на објекти и локации во општините Делчево, Пехчево и Берово кои имаат позитивни практики во поглед на намалување на јаглеродните емисии и искористување на обновливи извори на енергија.

На работилницата учествуваа претставници на општинските администрации, јавните институции, бизнис заедницата и невладините организации од сите девет општини. Паралелно со овие активности се реализира и мониторинг на воздухот во општините кои се дел од проектот. Резултатите и насоките за подобрување на состојбата ќе бидат дел од Заедничката политика за ниско јаглеродна економија.

Би можело да ве интересира

Ја турнал партнерката низ прозорец во Центарот за социјални работи

Горан Наумовски

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

ВИДЕО: Изгоре единственото противпожарно возило на пожарната од Пехчево

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево

Нов пожар кај Пехчево

Китановски: Три хеликоптери се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Пехчевско

Горан Наумовски