Дурант: Бевме одлични, респект и за Кливленд

Од:

Најкорисниот кошаркар во финалето од НБА лигата, Кевин Дурант ноќеска за првпат во својата кариера стигна до шампионскиот трофеј.

– Не можев да спијам два дена во пресрет на мечот. Бев многу нестрплив и решен да дадам се од себе на теренот. Имавме силен противник кој постојано не држеше будни. Капата доле за Кливленд, ама ние одигравме одлично и пресреќен сум што трофејот го освоивме пред нашите навивачи.

Дурант на некој начин му се реваншира на првата ѕвезда на Кливледн Леброн Џејмс за поразот во финалето 2012 кога настапуваше за Оклахома, а Леброн за Мајами.

– Му реков дека сега сме 1-1 и дека треба ова уште еднаш да го повториме. Тој е незадржлив и реди „трипл-даблови“, изјави Дурант.

Голден Стејт во финалната серија го победи Кливленд со 4-1.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот