Панама ги прекина дипломатските односи со Тајван, и воспостави со Кина

Од:

Панама и Кина официјално воспоставија диломатски односи, изјави синоќа во телевизиско обраќање панамскиот претседател, Хуан Карлос Варела.

Тој нагласи дека Панама веќе признава дека има само една Кина, дека Тајван е неделив дел од нејзината територија и ги прекина дипломатските односи со Тајван.

Тој чекор е победа за Кина во регионот на Централна Америка, кој има силни дипломатски односи со Тајван.

Кина е вториот по големина клиент на Панамскиот Канал и водечки доставувач на стоки за слободната трговска зона во карипскиот град Колон.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија