Во организација на Македонија 2025 денеска и утре во Стокхолм ќе се одржи форум на кој ќе бидат претставени можностите за соработка меѓу Македонија и Шведска.
Форумот се организира во соработка со Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм и Стокхолм бизнис регионот.
Овој форум, како што истакнува организаторот, е продолжување на иницијативата за поврзување на македонските професионалци и експерти во разни области кои живеат во Европа, како и промовирање на потенцијалите за инвестирање и соработка во Македонија.
Во фокусот ќе бидат успесите во сферата на одржливиот развој на Стокхолм, технолошките достигнувања што се применуваат во Шведска, успешните примери на македонско-шведски деловна соработка и можностите за деловна соработка и инвестиции.