Демократијата на Милошоски: Разрешени иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои во петокот излегоа со иницијатива за промени и демократизација на партијата се разрешени. Тоа е демократијата за која Антонијо Милошоски тврдеше дека постоела во партијата, и според која сите што бараат да се слушне гласот на членството, редовно се изолираат.

Информацијата за разрешувањето од партиски функции на реформаторите на својот Фејсбук профил ја потврди и Александар Стојчевски. Тој напиша дека се разрешени претседателот на Општинскиот комитет Центар, потпретседателот на Општинскиот комитет Аеродром, а има и жесток притисок врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ, поддржувачи на иницијативата преку уцени и закани да се исклучат од Фејсбук групата.

„Токму ваквата реакција го покажува големиот (не)демократскиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ние не се плашиме и нема да потклекнеме. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде приватна компанија на еден човек, партија на султани и поданици. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде демократска и модерна партија. Партија на силни индивидуи, каде секој член ќе биде почитуван и ќе има еднаква шанса. Еден апел и до лицата што вршат притисок врз членството да престанат со тоа, затоа што за брзо време ќе се срамат од своите постапки. Секој има право на слободна мисла и став без да биде етикетиран и шиканиран. Време е партијата да ја вратиме на членовите“, пишува Стојчевски на својот Фејсбук профил.

Во Фејсбук разговорите во кои е вклучен пратеникот Антонијо Милошоски, тој бара од членството на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од групата за реформи тврдејќи дека групата ја направиле „комуњари“. Милошоски преку свои блиски членови побарал да истото да се пренесува и на другите членови на партијата.

Би можело да ве интересира

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти