Полицијата во Иран уби четворица борци на групата „Исламска држава“ во јужната иранска провинција Хормозган.
Неименуван висок претставник на иранската полиција наведе дека четворицата мажи, од кој двајца странци, биле ликвидирани синоќа при престрелка со органите на редот близу до градот Рудан, пренесува БТА.
Иранската полиција запленила огнено оружје, муниција, експлозиви и знаме на ИД.
Иранските власти започнаа голема операција, откако минатата недела при нападот во Техеран беа убиени 17 лица, а над 50 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презеде ИД.
Локален службник во пристанишниот град Џаск во Хормозган изјави дека денеска бил задржани уште пет лица поврзани со ИД.