Вчера, во 17,20 часот, во Куманово во населба Биљановце М.П.(26) од истата населба, дошол во куќата на М.В.(46), при што со себе носел дрвена палка со која го скршил стаклото од влезната врата, а потоа започнал расправија со М.В. и со неговите синови А.В, В.В. и Д.В., по што М.П. со палката го удрил М.В. во пределот на двете раце и му нанел видливи повреди.
По ова М.В. и неговите синови физички го нападнале М.П., при што на истиот му нанеле повреди на главата и телото. М.П. е пренесен во Клиничка болница Куманово, каде му е укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите пренесен е во Ургентен центар Скопје.
Од лице место се подигнати една дрвена палка и повеќе траги слични на крв за вештачење. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.