Ф.П. од Скопје, откако прво не застанал на даден знак од страна на полициски службеници, со возилото удрил еден од полицајците, по што излегол и го нападнал и вториот полицаец, соопштуваат од МВР.
Синоќа во 21.00 часот во Скопје, на крстосницата од ул. „Ристо Шишков“ и ул.„Аминта Трети“, Ф.П. (30) од Скопје, кој управувал патничко возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за застанување од полициски слижбеници кои вршеле регулација на сообраќајот, и со возилото удрил полициски службеник-приправник. Потоа, излегол од возилото, се упатил кон друг полициски службеник и го удрил со тупаница во пределот на лицето. Ф.П. е приведен во полициска станица Центар, а полициските службеници се префрлени во Клинички центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.