Дејвис: Преговорите со ЕУ за Брегзит ќе почнат на 19. јуни

Од:

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис ја поддржа денеска премиерката Тереза Меј и потврди дека на 19 јуни ќе седне на преговарачка маса за излезот на Велика Британија од ЕУ.

– Наша работа е да продолжиме да ја водиме земјата, истакна Дејвис.

Конзервативците на Тереза Меј не освоија мнозинство во Парламентот на изборите минатата недела, што значи дека им треба поддршка од северноирската Демократска унионистичка партија за формирање влада.

Дејвис, меѓутоа, нагласи дека конзервативците нема да ги усвојат ставовите на своите партнери околу прашањата за абортус и за истополов брак.

Според него, недоличен е коментарот на поранешниот министер за финансии Џорџ Озборн дека премиерката Меј е „мртва жена која се движи“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он