Приштина против идејата на Белград за некој вид на ентитет за Северно Косово

Од:

Платформата на српските институции за решавање на прашањето за Косово е илегална и нелегитимна бидејќи се однесува на територија на независна држава, изјави портпаролот на претседателката на Косово Атифет Јахјага, реагирајќи на натписите во некои белградски медиуми дека Србија во својата платформа предложува некој вид на ентитет за северно Косово, јави Танјуг.

Арбер Влахиу во изјава за електонското издание на приштинскиот весник „Експрес“ оценува дека тоа е пречка за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Белград се уште нема усвоено државна платформа за Косово, а според весникот „Вечерњи новости“ основа на платформата е посебен статус за северниот дел, тој да добие најширока можна територијална, суштинска автономија и да претставува некој вид на ентитет, како што е Република Српска.

– Тоа ќе поттикне иселување на Србите на север. Не сакаме да го уништеме тоа што досега го создававме, вклучување на заедницата и Србите во инстутциите на Република Косово, изјави портпаролот на косовската претседателка.

Според него таквите решенија го попречуваат нормализирањето на односите и создаваат двојни стандарди за српската заедница на Косово.

– Предлогот на Србија не е легален, ниту легитимен бидејќи се однесува на територија на друга, независна и суверена држава. Овој предлог претставува пречка во процесот што се води во Брисел со посредство на ЕУ и поддршка на САД, изјави Влахиу.

Тој нагласи дека за внатрешните проблеми на Косово нема да се разговара со никого, а особено не со Србија.

Според него решенијата за општините во северниот дел на Косово се наоѓаат во Уставот на Косово и процесот на децентрализација, што овозможи создавање нови општини со српско мнозинство на територијата на Република Косово.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски