Извештајот за сработеното во изминатите четири години е во рацете на граѓаните. Градоначалникот Андреј Жерновски, заедно со соработниците, одат од врата на врата во населените места во општината за лично да го поделат отчетот и да ги слушнат предлозите, забелешките, да чујат што не е сработено за да знаат на што да биде фокусирана работата во наредниот период.
„Секогаш треба и може подобро, затоа сакаме лично од граѓаните да чуеме како и што да работиме, бидејќи ние сме тука за нив и за нивните потреби. По делењето на Извештајот, ќе поминеме повторно во сите населени места за да разговараме со нашите жители“, вели градоачалникот Андреј Жерновски.
Сите предлози и недостатоци внимателно се бележат, ќе бидат разгледани и ќе бидат превземени неопходните чекори.
Во општина Центар изминатите четири години е обновено и засадено зеленило на површина од 78.000 метри квадратни, изградени се десет нови детски игралишта и четири нови сквера, обновени се фасади на 13 згради и реконструирани се улици со вкупна површина од 52.000 метри квадратни. Од капиталните објекти, изградена е новата градинка „Кочо Рацин“, прва во Центар по 42 години, современа и функционална по сите европски стандарди.
Во тек е изградба на новото основно училиште во Капиштец, прво во општината по 47 години, кое ќе биде најубаво на Балканот. И сето ова со нула денари поддршка од централната власт, со секојдневни опструкции од државата, со секојдневни испекции и без доделено неизградено градежно земјиште, како во сите други општини.