Тајани: Заврши времето на популизмот во Европа

Од:

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани изјави дека „времето на популизмот е завршено“, а доказ за тоа се резултатите од парламентарните избори во Велика Британија.

– Ако пораките не се реализираат, тогаш се јавува разочарување. Избирачите забележаа дека Брисел не може да биде виновен за се. Изборите во Велика Британија покажаа дека времето на популизмот заврши. Тоа се случи и во Франција, Австрија и Холандија, истакна Тајани во интервју за италијанскиот весник „Кориера дела сера“.

Според него, загубата на парламентарното мнозинство од премиерката Тереза Меј покажува дека преговорите за излез на Лондон од ЕУ нема да бидат толку тешки.

– Перспективата за т.н. „тврд Брегзит“ е блокирана. Важно е во Британија да има силна влада, со која ЕУ ќе води отворен дијалог, а имајќи го тоа предвид Лондон да остане важен партнер за решавање на клучни проблеми, како на пример миграцијата и борбата против тероризмот, нагласи Тајани.

Тој додаде дека најважен услов во преговорите ќе биде да се гарантираат правата на Европејците во Велика Британија, откако таа ќе излезе од Унијата.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он