Уапсен „радикализиран“ маж кој го снимал стадионот во Ајндховен

Од:

Холандски државјанин, кој им бил познат на властите во земјата како лице за кое се претпоставува дека е „радикализиран“, е уапсен синоќа откако бил забележан како го снима просторот пред „Филипс стадионот“ во Ајндховен, еден од најголемите во Холандија, додека на него се одржувал концерт.

Дваесет и девет годишниот маж бил успасен додека на стадионот настапувал популарниот холандски поп пејач Гус Мејувис.

– Полицајците забележале маж кој доцна синоќа сомнително се однесувал на еден од влезовите на стадионот. Тој снимал и немал објаснување зошто го прави тоа, а исто така немал ниту карта за концертот, соопшти холандската полиција.

Апсењето се случи само неколку недели откако бомбаш-самоубиец уби 22 лица на крајот од концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина