Македонската ФЕД куп репрезентација ќе настапи во Кишињев

Од:

Женската тениска репрезентација на Македонија од вторник до сабота ќе биде дел од ФЕД куп натпреварите од Третата Евро-африканска зона што ќе се играат во Кишињев во Молдавија. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 12 јуни.

На натпреварувањето ќе бидат присутни 16 репрезентации, а учеството го откажаа: Црна Гора, Ангола, Боцвана, Мадагадскар и Намибија.

Македонија ќе настапи во состав: Катарина Маринковиќ, Нора Христовска и Викторија Веселинова. Во отсуство пред се на Лина Ѓорческа и на Магдалена Стоилковска, кои имаат ВТА ранг Македонија ќе настапи со млади тенсиерки предводени од селекторот Дејан Маринковиќ.

Носители на групите ќе бидат: Грција, Република Ирска, Финска и Молдавија. Македонија е во првата група заедно со селекциите на Кипар, Ерменија и Мароко што значи дека против овие селекции нема да може да играат нашите тенисерки во групната фаза.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари