Московиси повика на брзо решение за грчкиот долг

Од:

Европскиот комесар за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси повика на средбата на Еврогрупата следната седмица да се вложат поголеми напори за изнаоѓање решение за проблемот со намалување на грчкиот долг, пренесе БТА.

Според него, предлогот од мај не е доволна основа за дискусија.

– Не може да и го дадеме на Грција истиот предлог како и последниот пат по сите нејзини усилби, со мотото „Јади или умри”. Не може така… Но, важно е да биде постигнат договор, изјави Московиси за германското списание „Виртшафтсвохе”.

Атина изминатава ндела ги повика европските лидери да предложат стимул, што ќе доведе до повисок раст и ќе помогне во надминување на безизлезот во преговорите меѓу еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), околу висината на намалувањето на грчкиот долг.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит