Српскиот министер за одбрана Зоран Ѓоргевиќ, по повод заканите што Исламската држава ги упати кон балканските народи, изјави дека ситуацијата во Србија е под контрола и дека граѓаните во земјата можат да бидат спокојни.
Ѓоргевиќ за „Вечерње новости“ истакна дека Србија има сила и можности да се одбрани од сите провокации.
– Граѓаните можат да бидат мирни и сигурни. Српското Министерство за одбрана во соработка со сите безбедносни служби константно ја следи ситуацијата. Министерството за одбрана е подготвено да одговори на сите провокации и ќе ги преземе сите потребни мерки, како и досега, со цел да ги зачува мирот и и безбедностна на граѓаните, нагласи српскиот министер за одбрана.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ наведе дека безбедносните служби темелно ја следат ситуацијата и соработуваат со полицијата во другите земји.
– Подготвени сме да одговориме на сите закани, потенцираше Стефановиќ.
Сараевскиот портал „Кликс.ба“ синоќа ги пренесе наводните закани на ИД упатени кон Србите и Хрватите.