САД ја обновуваат исплатата на 688 милиони долари за Пакистан

Од:

САД донесоа одлука за обновување на исплатата на 688 милиони долари за Пакистан за трошоци за распоредувањето на 140.000 војници на границата со Авганистан.

Заменик-министерот за одбрана на САД Ештон Картер го извести Конгресот дека Вашингтон ќе му го исплати износот на Исламабад за трошоци, направени меѓу јуни и ноември 2011 година.

Американските законодавци изразија разочарување од Пакистан, покажувајќи сомнеж во ангажираноста на Исламабад во борбата против тероризмот и го употребија буџетот за помош како средство за казна.

Гневот избувна по убиството на Осама бин Ладен во Пакистан во мај 2011 година, кога се појавија тврдења дека терористичкиот лидер имал помош од властите за криење во земјата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија