Најмалку 18 Сомалијци се удавија по превртување на брод

Од:

Најмалку 18 Сомалијци се удавија, откако нивниот брод потонал.

Труповите на удавените мигранти испливале во близина на градот Босасо, во отцепениот сомалиски регион Пунтленд, пренесоа агенциите, повикувајќи се на претставничка на локалните власти.

Според неа, бодчето што превезувало нелегални сомалиски мигранти, се превртело.

Веројатно бројот на загинати ќе се покаже поголем.

-Меѓу мртвите има 10 жени, седум мажи и бебе. Откривме и петмина преживеани, рече цитираниот извор.

Според локални жители, бродчето превезувало околу 80 патници.

Африканските мигранти често користат неисправни пловни објекти за да стигнат до Јемен, што се смета за излезна база кон побогатите места на Блискиот исток и на Запад.

Стотици мигранти досега исчезнале во морето, посочуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски