Ќе се бориме и ќе победиме, изјави денеска пред свои приврзаници претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ваквата изјавата тој ја даде по сведочењето на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми пред сенатска Комисија за разузнавање.
– Ние сме под опсада, но ќе излеземе од неа поголеми и подобри и посилни, изјави Трамп во врска со истрагата за наводно руско мешање во изборите лани на кои тој победи.
Портпаролка на Белата куќа, Хакаби Сандерс ги оспори тврдењата на Коми дека Администрацијата на Трамп ширела „лаги“ за него и го наклеветила.
– Со сигурност може да кажам дека претседателот не е лажливец, изјави таа.