Тенисерката од Летонија Јелена Остапенко е првата финалистка на годинашниот Ролан Гарос.
Таа во првото полуфинале по 2 часа и 24 минути игра со 2-1 во сетови ја победи Тимеа Башчински од Швајцарија.
Првиот сет Остапенко го доби со 7:6, откако во тај брекот беше 7:4. Во вториот сет Башчински изедначи откако го доби сетот со 6:3 во гемови. Во решвачкиот сет Остапенко беше подобра со 6:3.
Денешната победничка со триумф вреден финале го прослави својот 20-ти роденден и ова за неа е најголем резултат во кариерата.
Таа во финалето ќе игра со победничката од второто полуфинале меѓу Симона Халеп од Романија и Каролина Плишкова од Чешка кое е во тек.