За разрешување на Зврлевски Советот на јавни обвинители ќе одлучува во вторник

Од:

Советот на јавни обвинители денеска го доби предлогот од Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Владата иницираше постапка за разрешување на Зврлевски поради нестручно и ненавремено извршување на највисоката јавнообвинителска функција.

Советот на јавни обвинители, треба во рок од 15 дена од добивање на решението, да достави до Владата образложено позитивно или негативно мислење, во писмена форма по предлогот за разрешување на јавниот обвинител.

Доколку Советот на јавни обвинители од оправдадни причини не го направи тоа во предвидениот рок, тогаш, според Законот, му се даваат нови 15 дена. Ако и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата.

Претседател на Советот Петре Аневски вчера рече дека Зврлевски перфектно ја извршувал функцијата.

Би можело да ве интересира

Почина Марко Зврлевски

Ландов

Зврлевски дал исказ пред дисциплинската комисија во Обвинителството за 27 април

Ана Ололовска

Maрко Зврлевски отвори адвокатска канцеларија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Богоевски: Мијалков и Зврлевски во УБК и по кафеани ги договара наредбите

Ана Ололовска

Советот на обвинители треба да назначи в.д. на местото на Зврлевски

Ана Ололовска

Димков: Постапката за разрешување на Зврлевски е целосно незаконска

Наум Локоски