Германија загубила над 30 милијарди евра од финансиски манипулации

Од:

Германската држава во последниве 16 години загубила речиси 32 милијарди евра поради манипулации од страна на банкари и брокери, даночни затајувања и повраток на данок, се наведува во извештај на професорот на Универзитетот во Манхајм, Кристоф Шпенгел.

Во извештајот, чии делови објави весникот „Цајт“, се тврди дека најголем дел од парите се загубени поради банкарските и брокерски практики со кои германските банки позајмуваат на акции од странски инвеститори пред исплати на дивиденда, со што ја користат законската можност да не плаќаат давачки затоа што се третираат како домашни компании кои се ослободени од данок на дивиденда.

– Со вакви и слични практики само меѓу 2005 и 2012 година биле загубени над седум милијарди евра, тврди професорот Шпенгел.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, овие практики во Германија беа забранети во 2012 година.

Јавниот обвинител во Келн веќе започна истрага за ваквата криминалната мрежа, што се смета за еден од најголемите даночни скандали во Германија, која досега покажува дека во злоупотребите биле вклучени десетина финансиски корпорации во Лондон.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ