ФОТО: Награди за најдобрите воспитувачи и негователи во Општина Центар

Од:

Општина Центар продолжува со грижата за најмладите и да ги наградува најдобрите воспитувачи и негователи од градинките кои се на територија на општината.

Шеснаесет воспитувачи и негователи денеска добија награди, кои им беа доделени од градоначалникот Андреј Жерновски.

Овој проект на општина Центар се спроведува од доаѓањето на актуелната општинска власт и градоначалникот Жерновски, за кој вработените во градинките велат дека е позитивна и благородна идеја, со која се цени и вреднува трудот на овие вработени.

Основата на нашата личност, рече градоначалникот Жерновски, ја стекнуваме во градинките, затоа го започнавме и ја спроведуваме оваа идеја со цел да бидат наградени најдобрите, но и да ги поттикнеме и мотивираме сите вработени кои се грижат за најмладите.

„И во иднина ќе продолжиме со она што веќе стана традиција. Секоја година ќе ги наградуваме најдобрите воспитувачи“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Манифестацијата беше проследена со музичко-ритмички точки изведени од децата на градинката домаќин „13 Ноември“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ