Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо може да направи сензационален трансфер ова лето и да го напушти Реал Мадрид за неверојатни 180 милиони евра, објави португалски „A Бола“.
Како што е наведено, оваа цена е речиси двојно повисока од досегашниот рекорден трансфер на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед во вредност од 105 милиони евра.
– Се е можно, изјави Роналдо за „А Бола“, откако тој се приклучи на подготовките на Португалија за претстојниот Куп на Конфедерации во Русија.
За моменталното фудбалерот број 1 кој минатата сезона ги освои Премиер лигата и Лигата на шампионите, сумата од 180 милиони евра би можеле да ја платат само неколку фудбалски гиганти како што се ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Монако и некои кинески екипи.