(ВИДЕО) Спасовски: Настаните од 27 април покажаа дека е потребно итно департизирање на полицијата

Од:

По претходно усвоена методологија направен е увид во документацијата и извршени се разговори со над 120 припадници на МВР за случувањата на 27 април во Собранието, по што се суспендирани преку 23 лица од МВР и поведени се преку 40 дисциплински постапки, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Скенирањето на состојбите и анализирањето на ситуацијата покажаа пропусти во системските недоследности, дисфункционалности кај одредени припадници на МВР со што децидно се потребни реформи во министерството. Настаните од 27 април покажаа дека полицијата мора да се департизира, вели Спасовски.

Тој најави дека примарни задачи на министерството ќе бидат расветлување на случајот во Собранието од 27 април и целосна департизација на МВР и полицијата.

– МВР има институционални и кадровски капацитети да се справи со многу полоши ситуации од оваа. Без санкции ова министерство не може да функционира нормално. Овој извештај го потврдува тоа дека заради партизираноста овој државен орган падна на испитот на извршување на одредени надлежности, вели Спасовски.

Министерот за внатрешни работи изрази длабока почит за храброста и професионалноста до оние кои најсовесно си ги извршувале своите задачи и обврски.

– Очигледно е дека некој ја злоупотребил својата положба за напад врз новинарите и пратениците, вели Спасовски.

Спасовски исто така обелодени дека веднаш по настаните во Собранието одредено раководно лице побарало да биде направен извештај за само еден ден со наоди какви што му одговараат нему. Министерот не сакаше да каже за кое раководно лице се работи, но сомнежите паѓаат врз директорот на БЈБ, Митко Чавков.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он