Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс по поразот од Голден Стејт ноќеска во третиот дуел од НБА финалето рече дека испуштиле победа во финишот на мечот.
– Имавме убаво водство, но за жал пропуштивме голема шанса за победа. Јас и Кајли (Корвер) имавме неколку добри ситуации, но не погодивме, за разлика од ривалот кој ги користеше своите можности. Ние промашувавме, тие погодуваа, рече Џејмс.
Кливленд губи со 3-0 во серијата прв до четири победи и само чудо може повторно да му ја донесе титулата со оглед на тоа што ниту еден тим во НБА лигата не се вратил по такво водство на противникот.