Екипата на Голден Стејт ја оствари и третата победа (118:113) против актуелниот првак Кливленд со што е на чекор до освојување на шампионскиот трофеј во НБА лигата.
Во интересен меч одигран ноќеска во Кливленд, актуелниот шампион во завршните 3 минути и 10 секунди, по водство од 113:107 не постигна ниту еден кош, па на противникот му дозволи да се радува на третата победа.
Леброн Џејмс постигна 39 поени, 11 скокови и 9 асистенции, додека Кајри Ирвинг 38, но и тоа се покажа недоволни за „Кавси“ да го избегнат поразот.
Кај победничката екипа, Кевин Дурант реализира 31 поен, Клеј Томсон еден помалку, а Карји Ирвин оствари дабл-дабл учинок од 29 поени и 13 скокови.
Првата шанса за освојување на шампионската титула „Воините“ ќе ја имаат на теренот на Кливленд веќе ноќта петок кон сабота во 3 часот по македонско време.