Шекеринска – Баришиќ: Хрватска ја поддржува Македонија на патот кон НАТО

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија Данијела Баришиќ на која била истакната одличната билатерална соработка и потврдено дека таа ќе продолжи по истата линија.

Како што соопштија од Министерството за одбрана министерката упатила благодарност за досегашната поддршка и ја уверила амбасадорката дека стратешката цел ќе биде остварена, преку реализирање на вистинските реформи.

– Наша цел е да ги искористиме вашите искуства за реформи, професионализација, модернизација, и се надеваме дека таа поддршка ќе ја добиеме од вас, истакнала Шекеринска на средбата.

Македонија, според амбасадорката Баришиќ, ја има поддршката од Хрватска во остварувањето на стратешките цели, членство во НАТО и ЕУ. Таа изразила уверување дека реформите во Македонија ќе бидат реализирани што ќе биде од корист за целиот регион.

На средбата присуствувала и одбранбеното аташе на Република Хрватска во Република Македонија полковник Маријана Плеша Чадониќ која ги пренела честитките од министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ за назначувањето и пораката за поддршката на Хрватска дека ќе стори сè што е во нејзина моќ да и помогне на Македонија во остварување на нејзината цел.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Хрватска, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Хрватска

Горан Наумовски

Другарот на убиениот доставувач на пица: Алексиќ ја отвори вратата, рече „влези, влези“ и почна да пука

А1он

Полицијата го пронајде и уапси убиецот од Дрниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хрватското гратче Дрниш под полициска опсада, потрага по бруталниот убиец

Катерина Ѓуровски

Убиство во Хрватска: 19-годишник му доставил храна, убиецот го застрелал и побегнал