Вицепремиерот Османи се сретна со амбасадорот Жбогар

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ја одржа прва официјална средба по неговото назначување, со амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата, како што соопшти прес-службата на СЕП, двајцата соговорници разговарале за приоритетите на кои ќе работи новата Влада во наредниот период, во рамките на активностите посветени на интеграцијата во ЕУ.

– Соочени сме со големи предизвици за да го надокнадиме изгубеното време, поради продолжената политичка криза, и да ја вратиме земјата на патот кон интеграција во ЕУ. Се надеваме дека ќе го оствариме тоа во тесна соработка со сите општествени чинители во земјава, со поддршка од нашите меѓународни пријатели, и особено во пратнерство со Европската комисија и Делегацијата на ЕУ, истакнал Османи.

Тој го информирал амбасадорот дека на негов предлог Владата донесе одлука одблиску да ја следи динамиката на реформите за интеграција во ЕУ, во согласност со Итните реформски приоритети, како и за детален увид во статусот на ИПА фондовите, со цел да се подобри искористувањето на истите.

Вицепремиерот Османи ја потврдил уште еднаш позицијата на новата Влада, дека интеграцијата во ЕУ останува стратешки приоритет на земјата.

На крајот од средбата Османи и Жбогар се согласиле дека е потребно напорно да се работи на реформите, преку тесна соработка на Владата и Собранието во наредниот период, со цел да се спроведат неопходните реформи за обезбедување на услови, на национално и на меѓународно ниво, за пристапување на Македонија во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

A1on

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции