Без оглед на возраста и ситуациите, на мајката секогаш покажете и љубов и почитување.
Повод на мајката да покажете благодарност и љубов има секој ден и на секој чекор. Поради тоа, убаво е да прочитате некои од najubavite цитати, затоа што никогаш не се знае кога може да ви треба:
– Мајката е личност која кога ќе види дека останале само четири парчиња пита за петмина луѓе, вели дека никогаш не сакала пита, Тенева Џордан.
– Да се биде мајка цело работно време е еден од најдобрите платени работи. Земајќи предид дека платата е чиста љубов, Милдред Б. Вермонт.
– Мајките рацете на своите деца ги држат кратко, но нивните срца засекогаш, непознат автор.
– Мајките се раѓаат во истиот момент кога и децата. Таа пред тоа не постоела. Жената постоела, но мајката не. Мајката е нешто целосно ново, Рајниш.
– Сите мајки се вработени мајки, непознат автор.
– Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да размислува два пати, еднаш за себе и еднаш за своето дете, Софија Лорен.
– Мајката го разбира она што детето не го кажува, непознат автор.
– Мажот својата девојка ја сака најмногу, својата сопруга, најдобро, а својата мајка најдолго, ирска изрека.
– Пред да се оженам имав само шест теории за воспитување деца. Сега имам шест деца и ниту една теорија, Џон Вилмот.
– Луѓето се онакви какви ќе ги направи нивната мајка, Ралф Валдо Емерсон.
– Од сите права кои жените ги имаат, најубаво е што можат да бидат мајки, Лин Јутанг.
– Ако се во овој нечист свет е несигурно, мајчината љубов не е, Џејмс Џојс.
– Сите жени стануваат како нивните мајки. Тоа е нивната трагедија. Ниту еден маж не станува како својата мајка. Тоа е нивната трагедија, Оскар Вајлд.
– Господ неможе да биде насекаде, па затоа ги создал мајките, еврејска поговорка.
– Мајката е банка во која ги вложуваме сите свои грижи и маки, Т..Девит Ламаж.
– На светот постои само едно убаво дете и секоја мајка го има, кинеска поговорка.
– Ниту еден подарок на мајката никогаш нема да и биде доволно добар како нејзинот подарок за тебе – животот, непознат автор.
– Мајчиното срце е длабока бездна на чие дно секогаш се наоѓа место за простување, Оноре де Балзак.