Атина се движи кон компромис со кредиторите

Од:

Владата на Атина е подготвена да прифати каков и да е предлог на меѓународните кредитори, кој ќе обезбеди перспектива за приклучување на Грција кон програмата за квантитавивни олеснувања на Европската централна банка за излегување на земјата на пазарите, пишува весникот „Та неа“ во статија, насловена како „Молкот на јагнињата пред компромисот“.

Весникот тврди дека неколку дена пред состанокот на Еврогрупата на 15 јуни владејачката коалиција се движи кон компромис и дури кон прифаќање на условите на кредиторите во врска со долгот на Грција, кои до сега ги отфрлаше.

Овој став на кабинетот, според весникот, бил изнесен и на вчерашното заседание на Политичкиот секретаријат на партијата СИРИЗА.

Портпаролот на Владата, Димитрис Ѕанакопулос пред неколку дена исто така увери дека Грција е на пат да потпише спогодба со кредиторите на 15 јуни и покрај несогласувањето што досега го имаше со нив.

Атина има потреба од свежи пари, а исто така и од мерки за олеснување на грчкиот долг пред крајниот рок за гаснење на дел од долгот на земјата. Грција во јули треба да исплати седум милијарди евра.

Кредиторите од еврозоната и ММФ спорат околу тоа како да продолжат да и помагаат на Грција, која се наоѓа во третата спасувачка програма по финансиската криза во 2010 година.

ММФ оценува дека должничкот бреме е тешко за Грција и сака тоа да биде олеснето, на што се спротивставува Германија, барем краткорочно. Сега ММФ направи пресврт, за да не го притиска Берлин за време на предизборната кампања во Германија, со тоа што директорката на Фондот Кристин Лагард објави дека ММФ ќе земе учество во грчката програма, но без да дава заеми.

Несогласувањата меѓу Германија и ММФ за грчкиот долг беа главна препрека, поради која кредиторите одбија да отпуштат нова транша од спасувачката програма на 22 мај и покрај тоа што Грција ги усвои барањата за нова серија економски мерки.

Сега претставниците на СИРИЗА сакаат по секоја цена да се постигне договорот со кредиторите, дури и таа да биде компромис, смета „Та неа“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит